27.05.2024 Скопје
Фондот за Западен Балкан објави повик за поднесување на предлог проекти за зајакнување на соработката помеѓу државите од регионов кој ја суфинансира Европската унија преку ИПА – фондовите, односно инструментот за предпристапна помош. Според информациите, во повикот се наведува дека максималниот износ на грантот е до 30 илјади евра по проект. Станува збор за највисокиот износ по проект кој сега се дава од страна на Фондот. Потенцијалните корисници треба да аплицираат со проекти најдоцна до 17ти јуни 2024 година и на повикот може да се пријават организации и здруженија, невладини друштва, помеѓу кои и здруженија од областа на образованието, културни друштва, спортски здрженија и слично.
Во меѓувреме земјите од опкружувањето се подготвуваат и за проектите наменети од програмите за раст на Западен Балкан, а тој фонд тежи шест милијарди евра.
Инаку, Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан е заедничка иницијатива на Европската Унија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Повиците за поднесување проектни предлози се организираат на редовна основа, и мора да бидат номинирани од страна на Националниот ИПА координарот во соспствената држава. На веб страната на Секретаријатот за европски прашања се закачени сите потребни формулари и упатства за начинот на аплицирање за дел од средствата од Европската унија.
Во меѓувреме, од страна на Европската унија има пакет од шест милијарди евра за земјите од Западен Балкан за подобрување и развој на државите. Услов за добивање на дел од тие пари е подобра и поефикасна европеизација на земјите кои претендираат да бидат дел од европското семејство.
Подготвено од М.Д.