30.05.2024 Скопје
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека главната закана за Европската унија (ЕУ) не е Русија, пренесува француски медиум.
„На Европа не и се заканува војна. Најопасно, според мене, останува идеолошкото раководство на Европската унија. Во Брисел, како и во многу земји-членки на ЕУ, се прошири идејата дека е поважно да им се служи на одредени политички вредности отколку да им служиме на луѓето.
„Чудно е. За мене нашата прва мисија е да им служиме на интересите на нашите нации“, рече тој.
Орбан истакна дека лидерите на другите земји претпочитаат да го бранат концептот на „отворено општество“, кое го негира националниот идентитет, традиционалните семејни и христијанските вредности и изрази надеж дека конзервативниот блок ќе стане посилен по резултатите од изборите за Европскиот парламент.
Унгарскиот премиер додаде дека „иднината на поддржувачите на суверенитетот и десницата во Европа воопшто зависи од две жени“ – лидерката на француската партија Национален митинг Марин Ле Пен и италијанската премиерка Џорџа Мелони и нивната способност да преговараат и соработуваат.
Претходно Орбан истакна дека има чувство дека зад некои одлуки на Брисел стојат интересите не на Европа, туку на Соединетите Држави и посочи дека изборите за Европскиот парламент, кои ќе се случат летово, може лесно да го променат составот на европските лидери кои повеќе не им служат на интересите на нивните гласачи. Тој порача и дека сегашното раководство на ЕУ мора да биде сменето бидејќи не може да се справи со кризни ситуации.
Унгарскиот премиер изјави и дека модерната Европска унија со нејзиниот притисок врз Будимпешта е лоша пародија на СССР. Тој истакна дека „нема потреба од Брисел“ кој ги третира земјите-членки како провинции, кажувајќи им како да живеат и дека раководството на ЕУ мора да го почитува суверенитетот на европските народи.
Подготвено од М.Д.