30.05.2024 Скопје
Олимпијакос и Фиорентина во големото финале играно на прекрасната арена „Света Софија“ во Атина одиграа тврд натпревар без голови. Двете екипи се мачеа без погодоци речиси два часа, а во 116-та минута заврши се: Ајуб Ел Каби постигна прекрасен гол со глава.
На трибините каде очекувано доминираа црвено-белите бои поради тоа што финалето се играше во Атина, огромно славје по голот на Ел Каби.
Судиите гледаа ВАР неколку минути, проверуваа, но на крај одлучија дека нема никаков офсајд. Стадионот во Атина по втор пат експлодираше.
Ова е прв историски триумф на Олимпијакос во еврокуп а прв европски трофеј за грчкиот фудбал после цели 20 години и сензационалната победа на Евро 2004 во Португалија.
Олимпијакос е прв клуб уште од времето на Феенорд во 2001/2002 кој освоил еврокуп во своја сопствена земја. Тимот од Ротердам тогаш на домашен терен славеше во Куп на УЕФА.
Славјето на улиците во Атина траела до доцна во ноќта на сите централни плоштади:
„Фала му на Бога, им ветивме на нашите навивачи дека ќе успееме денес и успеавме“, изјавил најдобриот стрелец на Лига Конференции Ел Каби кој го реши финалето со гол во 116’ минута.
Подготвено од М.Д.