https://www.facebook.com/photo.php?fbid=580324323451900&set=pb.100044230126236.-2207520000..&type=3

23.05.2024 Скопје

Новата влада се очекува да биде формирана до 20 јуни и веројатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.

Ова го напиша на неговиот профил на социјалната платформа „Икс“  пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по вчерашното прегласување за парламентарните избори на седум избирачки места во изборните единици 5 и 6.

Во објавата, покрај коментарот за очекувањата околу формирањето на новата влада и идните партициенти во неа, членот на раководството на победникот на парламентарните избори ги сподели и сумираните резултати што вчера вечер ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по прегласувањето во двете изборни единици.

Според нив, тоа донесе мала, но значајна промена во распоредот на пратеничките мандати во идниот парламентарен состав.

Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе и наместо 13, колку што имаше по изборите на 8 мај, сега има 14, на сметка на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, која по прегласувањето во едно избирачко место во Желино во шестата изборна единица, остана со еден мандат помалку.

Подготвено од М.Д.

About Author