21.05.2024 Скопје
Blue Origin успеа да го заврши својот седми лет во вселената, велат од компанијата. Тие успешно го завршија својот седми лет со екипаж и вкупно 25-ти лет со леталотот New Shepard.
Екипажот бил составен од Мејсон Ејнџел, Силвиан Хирон, Кенет Хес, Керол Шалер, Гопи Таокатура и поранешниот капетан на воздушните сили, Ед Двајт, кој во 1961. година станал првиот црн кандидат кого прест5едателот Џон Кенеди го избрал од кандидатите за астронаути.
Blue Origin и New Shepard досега во вселената испратиа вкупно 37 луѓе, вклучувајќи го и седашниот екипаж. Иако цената на летото не е објавена, според документите објавени пред неколку години, летот со New Shepard до висина од над 100 км ќе чини од 200.000 до 400.000 долари.
Уако од Blue Origin најавуваа и орбитални туристички летови, до тоа уште не дошло, нп сега се прилично зафатени со развојот на својот лендер за Месечината, кој НАСА го нарача за мисијата Artemis.
Подготвено од М.Д.