29.05.2024 Скопје
Компанијата „OseanGates“ претрпе жестоки критики и обвинувања за игнорирање на предупредувањата за ризиците и нудење билети за обиколка на Титаник по намалени цени. И покрај катастрофалната имплозија, богатите трагачи на возбуда продолжуваат да трошат илјадници на слични експедиции.
Тритон е една од компаниите која сè уште нуди авантури во длабоко море, вклучително и експедиција до потонатиот брод Титаник. Нејзините оператори инсистираат на тоа дека нивниот подводен уред е побезбеден од Титан, кој немал безбедносен сертификат. Компанијата одби да ја открие цената по лице за седиште во својата подморница или да каже кога планира да се нурне во длабочините на Атлантикот.
Подморниците на Тритон беа користени во минатото за најдлабоко нуркање во светот до Големиот корален гребен во Австралија во јули 2023 година со познатиот британски биолог Сер Дејвид Атенборо. Оваа година, подморниците Тритон беа користени за експедиции до Маријанскиот Ров, Големиот корален гребен и Арктичкиот океан.
Влијателни поединци препознаа како трагичната имплозија може да влијае на инвестициите во истражување на длабоките океани, рече Софи Бентам-Вуд, извршен директор за глобален маркетинг и стратегии за продажба на водечката подморска компанија Тритон.
„Веќе ни пристапија некои за да разговараме за изградба на подморници за длабоко нуркање, чисто за да се спротивставиме на секое негативно влијание што овие несреќни настани може да го имаа врз истражувањето на океаните“, рече таа.
Лери Конор, инвеститор во недвижнини и бизнисмен од Охајо, е еден од нив. Тој планира да биде на првата подморница што ќе се нурне назад до потонатиот брод Титаник откако Титан се распадна минатиот јуни. Овој нуркач е решен да докаже дека нуркањето на 12.500 стапки (околу 3.810 метри) до 112 години потонатиот брод Титаник е совршено безбедно. И тој има пари за тоа.
Конор е подготвен да спушти подморница за две лица на дното на Атлантикот за да им покаже на луѓето ширум светот дека „иако океанот е исклучително моќен, може да биде убав, може да ви го промени животот ако го направите тоа на вистински начин“. Тој го планира нуркањето со Патрик Лихи, претседател и ко-основач на Triton Submarines, една од водечките светски компании за подморници.
Историски гледано, подморниците успешно нуркале подлабоко од Титаник со децении. Кога потонатиот брод Титаник првпат беше откриен во 1985 година, подморниците нуркаа во поголеми длабочини неколку децении. „Батискаф ФНРС-3“ постави рекорд во 1954 година со тонење на длабочина од 4.050 метри. Во 1960 година, Трст се спуштил дури 10.916 метри во Маријанскиот Ров.
Во изминатите 69 години, вкупно 16 подморници нурнале на длабочина поголема од онаа на која се наоѓа потонатиот брод Титаник. Првата подморница што нурна до Титаник беше Алвин од САД во јули 1986 година. Потоа следеше нуркањето на француската подморница Наутилус во 1987 година и повторно во 1993 година. Наутилус нурна до Титаник вкупно 47 пати. Денес, десет активни подморници можат да стигнат до оваа длабочина.
За потсетување, мини-подморницата за длабоко истражување Титан исчезна на 18 јуни откако тргна во мисија за посета на потонатиот брод Титаник во Атлантскиот Океан. Сите пет патници загинаа, меѓу кои и Стоктон Раш, извршен директор на компанијата „Оушн Гејтс“.
Пред трагедијата на Титан, најголемата експлозија на подморница се случи во 1963 година. Тоа беше USS Thresher, а сите 129 членови на екипажот загинаа.
Подготвено од М.Д.