Dalnovod EVN

06.05.2024 Скопје

Во јуни домаќинствата  сепак ќе добијат нова цена на струјата, но не и за мрежарината.

Иако, лани од Регулаторната комисија за енергетика  најавија дека од оваа година наместо два пати, нова цена на електричната енергија  ќе се носи само еднаш и тоа до крајот на ноември, поради изборот на нов Универзален снабдувач, повторно одлука мора да се донесе до крајот на јуни.

Но, од Регулаторна соопштија дека тоа нема да важи и за мрежарината.

За оваа ставка домаќинствата ќе плаќаат по старо до крајот на годинава. Регулаторната комисија за новата цена за мрежарината ќе одлучува дури во декември.

Инаку, пред  извесен период  Владата одлучи  ЕВН ХОУМ и во следните  пет години да продолжи да ги снабдува домаќинствата со струја.

Намалена е и профитната маржа и изнесува 9, 9 проценти или 1, 6 отсто пониска од сегашната. Сепак, останува да се види дали и колку овој параметар ќе влијае на намалувањето на цената на струјата за граѓаните.

Со оглед на тоа што нова цена  треба да има до крајот на идниот месец, дел од енергетските компании пресметките за трошоците до РКЕ треба да ги достават до крајот на мај.

Но, за тоа колку ќе биде крајната цена како и до сега најмногу  зависи по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на ЕВН ХОУМ.

Според, новите правила кои се воведоа при крајот на минатата година, пресметката за цената на електричната енергија ја прави ЕВН ХОУМ, но пред да биде објавена треба да помине на контрола во Регулаторна комисија.

Од оваа година домаќинствата плаќаат и по  200 денари за пристап до мрежа.

Подготвено од М.Д.

About Author