NORVESKA ZNAME

22.05.2024 Скопје

Владите на Ирска и Норвешка донесоа одлука за признавање на Палестинската држава, пишуваат медиумите во тие земји. Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе денеска свика посебна прес конференција на која изјави дека неговата земја ќе ја признае Палестина како држава од 28 мај и покрај предупредувањата од израелската влада.

„ Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел“, рече норвешкиот премиер на специјално свиканата прес-конференција. Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“.

Исто така и Ирска минатата недела најави дека „сигурно“ ќе ја признае Палестинската држава пред крајот на мај, а премиерот на Ирска за подоцна денеска свика прес конференција.

И шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека во шпанскиот парламент ќе го објави датумот на официјалното признавање на палестинската државност.

Подготвено од М.Д.

About Author