23.05.2024 Скопје
Пејачот влезе во манастирот бос и завиткан во српското знаме и им се поклони на моштите. Никола ја бакна иконата и ги почитуваше сите обичаи, а на грбот го носеше вечниот симбол на Србија. Потоа се одржа богослужбата, а Никола беше на работ да заплаче, цело време држејќи се за гради.
Гордиот пејач потоа испеа една од црковните песни, по што на присутните им се обрати: „Ви благодариме драги луѓе за поддршката, ви благодариме за вашата љубов. Ви благодарам што ми дозволивте да изразам сѝ што чувствував, што чувствувам. Најпрвин, благодарност до милиот Господ Бог, благодарност до свети Нектариј, благодарност до сите светци.“
Потоа го спомна својот покоен татко, кој за жал почина од рак.
„Не знам како да го опишам ова патување, не знам, како да го чекав ова цел живот. Од кога влегов во верата, го засакав свети Нектариј, одев кај неговите акатисти, ги водев болните, ги упатував болните кај Свети Нектариј. И јас имав желба да го донесам татко ми овде, не ми се оствари, но благодарен сум на свети Нектариј што духовно го исцели татко ми, а тоа е многу поважно од физичкото. Понекогаш во животот не може сѐ да биде како што ние сакаме. Затоа треба да се радуваме на оние моменти кога не е како што сакаме да бидеме. Затоа што тоа е волја Божја. А, Господ во миг, ако за миг ја достигнеме таа радост, испраќа благослов и ни отвора нови хоризонти. Ни отвора пат кој покажува дека ова не е сѐ, дека ова е само момент. И тоа не е ни момент во споредба со целата вечност, во споредба со она за што живееме“, стои во емотивниот говор на Роквиќ.
Тој низ солзи изјави дека секој ден е еден живот.
Роквиќ вели дека најмногу се радува што сето тоа им го пренесува на својот народ и на другите луѓе.
„Радувајте се луѓе“, рече Роквиќ на крајот и доби аплауз од луѓето кои случајно се нашле во храмот на Свети Нектариј.
Роквиќ со хуманитарна цел пропешачи од Србија, низ Македонија, преку Грција и денеска со траект стигна на островот Евиа.
Подготвено од М.Д.