https://www.flickr.com/photos/libardoni/5346397717/in/photolist-99rFLZ-7K4HaL-orEVv4-eXRJP6-fF7R5s-aHzJpD-VoWtsK-7gGYMD-7HSL7J-5PUSAf-6DRu3p-6w3yKh-6DRsVH-anBrbB-eXRjMd-56Y5eH-cEx7zj-35MTNZ-8oQCT6-qCUAt3-35NPzc-6eMbXG-8vGh6W-oFtdf3-9iMcxC-dxPs5u-dxHYeM-ukvzc-dFibbT-dxHTx4-dxPoys-7n5yks-85f2Jc-7HNzMP-4RWv38-zUuBRd-aYstmx-8oQFDv-7kBJ7F-5SfZf2-eQCZik-81nBAR-7ZPfUn-dxHWtg-2mTtTcn-hSxFbm-dFid7X-2eSWMS7-rygjwT-qTTmcM

02.05.2024 Скопје

Бројот на граѓани кои беа приведени за време на првомајскиот собир во Истанбул се зголеми на 210 лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Приведени се 210 лица кои не ги послушаа предупредувањата и се обидоа да одат на плоштадот Таксим и ги нападнаа нашите полицајци на Денот на трудот и солидарноста, 1 мај во Истанбул“, рече министерот на платформата X.

28 полицајци се повредени кога учесниците на митингот ги нападнале со камења и палки со знамиња.

На повредените полицајци им била укажана помош во градските болници. Турската полиција денеска приведе група луѓе кои се обидоа да протестираат на плоштадот Таксим и покрај забраната на владата за првомајски собири, а на неколку претставници на синдикатите им беше дозволен пристап до споменикот на тој плоштад посветен на жртвите од инцидентот од 1 мај 1977 година, кога напаѓачот отвори оган кон демонстрантите собрани на тоа место.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author