https://www.flickr.com/photos/natochannel/3726031869/in/photolist-4oacFc-2iFFbPW-4oacFB-2nTyatc-77VWUi-4oegB3-6FfTsM-2mTS54x-kEn5ib-9m2PMf-2o1fZN4-2jJzfTV-2fks3YW-2kKkBKt-e8UCYC-4oegCu-fviR7u-4oacEn-2nmyjd9-4oacDX-4qzkj1-8LNuMH-cvrhbd-cQAe3Y-77VWE2-2hTtNV3-SFutwh-2iAqekG-nVhF6Y-2hUs3AB-dZCAP4-N2sv3z-dAsu6t-KuzPGW-s2AoJ4-2mZa9sr-p5ruQ8-8bKY5V-2iwAQGs-25gTZ6k-61bfXU-2aWNuGu-2jGGdEy-TBaw58-ap653h-iuy2Kw-2nwKxT5-2hUD94J-2kKx561-bpUh9a

03.05.2024 Скопје

Членките на НАТО добија предлог од генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг да доделат 100 милијарди долари за нов фонд за Украина во текот на пет години, но Унгарија ќе преговара да не учествува во ова „лудило“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„НАТО сега сака да додаде уште 100 милијарди долари на оваа војна. Таков предлог до членките испрати генералниот секретар на Алијансата. Во вторник на 30 април добивме предлог како генералниот секретар сака да ги собере овие 100 милијарди долари од членовите“, рече Сијарто во видео обраќање на социјалните мрежи.

Тој посочи дека тоа значи дека НАТО смета на продолжување на конфликтот за уште пет години.

„Знаеме каков ризик носи тоа“, нагласи Сијарто.

Според него, во следните недели во Унгарија ќе се одржат консултации со цел Будимпешта да се оддалечи „од ова лудило, да се испрати оружје, да се обучи украинската армија и да се соберат 100 милијарди долари кои ќе бидат испумпани во војната“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author