27.05.2024 Скопје

На Самитот на НАТО во Вашингтон во јули ќе ја прославиме годишнината од најуспешната алијанса во светот – НАТО, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијансата Јенс Столтенберг на почетокот на својот говор на Парламентарното собрание на НАТО во Софија.

„ НАТО е најуспешниот сојуз во историјата затоа што знае како да се менува и да се приспособи во свет кој постојано се менува. И на средбата, освен да славиме, мора да покажеме дека НАТО се менува и се приспособува“, истакна Столтенберг.

Како пример за тоа тој го посочи зачленувањето на Шведска по долгогодишно партнерство со НАТО.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *