DROGA KOKAIN

28.05.2024 Скопје

Наркотици, илегална проституција и шверцот со тутун се главни генеративни фактори во економијата на Холандија. Според анализите околу 17 милијарди евра во Холандија во 2021 година биле генерирани. Најголемиот дел од приходите течеле во странство, според новото истражување на холандскиот Национален завод за статистика.

Од незаконските активности се остварени средства од 4,5 милијарди евра за холандската економија во 2021 година. Најголем приход е создаден од кокаинот, генерирајќи 10,7 милијарди евра од продажба.

„Голем дел од меѓународната трговија со дрога што се одвива во Холандија е под контрола на луѓе кои не живеат овде”, наведува Националната статистичка служба на Холандија во публикацијата „Проценка на недозволени активности во националните сметки“.

Покрај трговијата со кокаин, Националниот завод за статистика проценува и производство и трговија со синтетички дроги, производство и трговија со канабис, проституција и нелегално производство и трговија со тутун.

Подготвено од М.Д.

About Author