bajden i tramp 123

23.05.2024 Скопје

Во најскапата изборна трка во американската историја за новиот (стар) претседател на САД, се натпреваруваат кампањите на двајцата кандидати, демократот Џозеф Бајден и републиканецот Доналд Трамп.

Последните податоци покажуваат дека кампањата на Бајден собрала повеќе од 51 милион долари во април, додека Трамп успеал да обезбеди 76 милиони долари.

Севкупно, Бајден има предност – до крајот на април инкасирал 192 милиони долари. што, според неговата кампања, во овој дел од изборниот циклус, односно седум месеци пред гласањето обезбедил повеќе пари од кој било демократски кандидат во историјата.

Меѓутоа, април на актуелниот американски претседател му донел значително помалку пари од март, кога се собрани 90 милиони долари, за што најмногу придонела големата њујоршка донаторска вечер во Радио Сити Мјузик Хол, кога се обратиле поранешните американски лидери Барак Обама и Бил Клинтон.

Досега, кампањата на Бајден имаше постојана финансиска предност пред онаа на Трамп, која започна со голем дефицит, но драстично ја подобри ситуацијата на донаторска вечера во Палм Бич, Флорида, кога беа собрани 50,5 милиони долари колку собрала вкупно.

„Операцијата Трамп продолжува да троши пари и да заостанува зад нашата растечка и агресивна кампања. Ние не земаме ништо здраво за готово, но нашата кампања сама ја врши работата неопходна секој ден за да ја добие поддршката од гласачите овој ноември“, рече во соопштението менаџерот на кампањата на Бајден, Џули Чавез Родригез.

Од друга страна, портпаролката на кампањата на Трамп, Каролин Левит, рече дека Трамп и Републиканската партија „значително ги надминале Бајден и демократите во април, благодарение на поддршката од милиони мали донатори од секоја држава низ САД“, што, според неа, е особено импресивно ако се има предвид дека во изминатите четири недели поранешниот шеф на Белата куќа минуваше денови и часови во судницата.

Подготвено од М.Д.

About Author