30.05.2024 Скопје
Советот на Општина Аеродром го изгласа Деталниот урбанистички план за населбата Лисиче, кој предвидува изградба на нови висококатници во оваа населба. ДУП-от за Лисиче за градската четврт ЈИ 09, блок 09.01 е усвоен со 16 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, 11 советници од СДСМ и Левица гласале против негово усвојување. За денеска група граѓани најавија протест пред Општина Аеродром за, како што се вели во повикот, „шверцски изгласаниот ДУП за градска четврт ЈИ09 09.01 за нас. Лисиче“.
Жителите на Лисиче до Општина Аеродром на јавната анкета доставиле околу 230 анкетни листови против изградба на висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.
Планот кој предвидува изградба на неколку висококатници од кои највисоката е 12 ката, добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски од досегашниот министер Благој Бочварски од СДСМ.
Подготвено од М.Д.