28.05.2024 Скопје
„Ви благодариме, пријатели! Горда Србија и српска. Ние не сме геноциден народ“, е пораката која била проектирана на кулата „Белград“.
Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата во четвртокот со 84 гласа за, 19 против и 68 воздржани гласови.
Со усвојувањето на резолуцијата, 11 јули е прогласен за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година, кој ќе се слави секоја година.. Резолуцијата ја предложија Германија и Руанда, а текстот беше спонзориран од уште 34 земји, вклучително и од Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Д.