22.05.2024 Скопје
Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не е истиот сој кој е широко распространет на глобално ниво и е присутен кај говедата и млекото во САД, објави денеска австралиското Министерство за земјоделство.
Голем број живина умреле на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите.
Одделот за земјоделство на Австралија соопшти дека се вршат тестови за да се утврди за каков тип на вирус се работи и колку е потенцијално сериозен.
Подготвено од М.Д.