most belasica

07.05.2024 Скопје

По речиси една година, мостот „Беласица“ целосно е пуштен за сообраќај и за товарни возила. Но, цевките на ЕСМ од топловодот не се ставени и се уште стојат во тревникот на кејот под мостот.

Пред две недели тимот од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски правеше пробно товарање дали мостот може да се пушти во употреба и за тешки возила и да се тргнат сообраќајните знаци кои означуваа каде може да се вози а каде не.

Мостот „Беласица“ беше оштетен во пожар кој се случи лани во мај. Првично беше целосно затворен за сообраќај поради што настана вистински хаос во градот. Во пожарот настрада и топловодот преку кој скопјани добиваат парно греење.

Подготвено од М.Д.

About Author