02.05.2024 Скопје
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека со изјавата дека Хрватска е на дното во ЕУ поради повлекувањето на европските пари, а дека само Бугарија е полоша, тој не ги навреди Бугарите, туку се потсмеваше на хрватската влада, која ги прави своите граѓани „будали и социјални случаи“.
За време на неговата посета на Златар во саботата, Милановиќ рече дека „Хрватска е дното на Европската унија, дека само Бугарија е полоша“ и дека „секој ден се молиме на Бога, Бугарија да остане последна и ништо да не и се случи, бидејќи во спротивно би била Хрватска“ по што, како што пишуваат хрватските медиуми, Бугарите на разговор ја повикале амбасадорката на Хрватска во Софија, Јасна Огњеновац и изразиле незадоволство.
Бугарското Министерство за надворешни работи на хрватскиот амбасадор му пренело „длабоко разочарување од изјавата на претседателот Милановиќ“, каде што истакнале „дека изјавата е неприфатлива за Бугарија и не е во согласност со одличните билатерални односи меѓу Хрватска и Бугарија“.
Подготвено од А.Ѓ.