https://flickr.com/photos/dustinjacobsen/1141306458/in/photolist-2JRuDy-wcDw7S-2gxbxxL-9pD8ju-5og6AR-WSHai1-iCAJNj-9VCCmh-8ZwzcC-66UX5H-2c9j8VL-8he9JJ-zi1qb-iCA1vU-9tHSZt-2jZCDkT-Fqpi3Q-2iftHjs-59HqJp-8qwwpQ-qamTEP-89FdpJ-2gh32dE-iCAA6E-oDkLG7-2gAV5qX-iCAJqW-8aE8me-22bWY8q-7cc59x-6brKNc-wMwzyu-Z7iVsL-vFM4LW-anRgxi-iCEznj-7cc4Nc-8o9Sgp-a626rW-25o2rQv-5xy7gK-iCAkPJ-iCAKc5-4pUFgz-UY15Mh-7QE5oR-3TU51j-9XmqKj-hNhSzg-qrqF62

27.05.2024 Скопје

Дали пациентите треба да ги лекуваме со баење или со лекарства. Треба ли да броиме по колку апчиња даваме на пациентите – прашуваат матичните лекари, гневни откако викендов од Фонот за здравство добиле мејл со известување дека го пречекориле препишување на лекарства и дека за истото им следува санкција.

Со измените кои беа направени, матичните лекари добија можност да препишуваат лекарства кои се на ниво на специјалист, се со цел тие да бидат подостапни за пациентите, бидејќи има недостаток на специјалисти низ градовите.

Министерот за здравство одговорноста ја префрла на Фондот, а од таму не ни одговорија на прашањата кои им ги поставивме. Матичните лекари својот револт најавија дека ќе го изразат пред просториите на Фондот за здравство во среда во 12 часот.

Подготвено од М.Д.

About Author