28.05.2024 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон го посети Меморијалниот центар на холокаустот во Берлин придружуван од неговата сопруга Брижит, германскиот сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбенде.
Двајцата претседатели се очекува подоцна да одат во источниот град Дрезден, каде Макрон ќе одржи говор, а во вторник во Мунстер во западна Германија. Францускиот претседател ја започна првата државна посета на Германија на шеф на француска држава во последните 24 години, по посетата на Жак Ширак во 2000 година.
Тридневна посета е со цел да ги нагласи силните врски меѓу традиционалните водечки сили на Европската унија пред изборите за Европскиот парламент на кои екстремно десничарските партии во двете земји се надеваат на победи.
Посетата првично требаше да се одржи во јули минатата година, но беше одложена во последен момент поради немирите во Франција по убиството на 17-годишно момче од страна на полицијата.
Париз и Берлин се обидуваат да ги координираат своите позиции за ЕУ и надворешната политика.
Подготвено од М.Д.