Doncic-MVP-Zapad-Dalas-Maveriks

31.05.2024 Скопје

Екипата на Далас Маверикс ќе игра во големото финале на НБА лигата по 13 години, поточно по генерацијата на Дирк Новицки и сегашниот тренер Џејсон Кид кои ја донесоа единствената досегашна титула на организацијата од Тексас.

Маверикс славеше на петтото соочување со Минесоата Тимбервулвс со 124:103 и со 4-1 ја затвори серијата во западната конференција. Гостите блескаа во „Таргер Центарот“ во Минеаполис уште од првата четвртина и стана јасно дека се тука да дојдат до триумф и обезбедат битка со Бостон Селтикс за пехарот во најквалитетната лига на светот.

Далас првото полувреме го заврши со 69 поени и предност од 29 разлика, позитива која продолжи да расте во третиот период со што беше испратена јасна порака за „волците“ да не се надеваат на никакво чудо, камбек.

Во фокусот беше Дончиќ кој реализираше дабл-дабл од 36 поени и 10 скокови, а на крајот сосема заслужено ја понесе и наградата МВП на ова финале на Западот со просек од 32,4 поени, 9,6 скока и 8,2 асистенции.

Подготвено од М.Д.

About Author