10.05.2024 Скопје
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул, откако на Инстаграм ги избриша сите негови фотографии во дресот на клубот. Многумина се прашуваа што значи неговиот потег и дали е показател за заминувањето на 24-годишниот уругвајски напаѓач од клубот од „Енфилд“. Според шпанските медиуми, нема да биде изненадување доколку се случи.
Се вели дека агентот на Нуњез стапил во добри односи со Барселона. Шпанските медиуми откриваат и дека Ливерпул е свесен за ситуацијата и одредил минимална цена за која би бил подготвен да го пушти Нуњез.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23. во трансфер вреден 85 милиони евра. Ниту еден играч никогаш не бил платен повеќе на „Енфилд“, а доколку во тој трансфер се вклучат и бонуси, Бенфика од која пристигна можеше да заработи 100 милиони евра. Тој потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра. Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги добие со продажба во летниот преоден рок.
Подготвено од М.Д.