protest na lekari portugalija

22.05.2024 Скопје

Претседателката на Сојузот на лекари и фармацевти на Србија, Горица Ѓокиќ, објаснува дека тоа што заработувачката на српските лекари го надминала просекот не е одраз на нивната висока плата, ниту пак просекот е „симнат“ од докторите на науки бидејќи нивното учество во вкупниот број на вработени е мало. А основната плата на лекарите е ниска, најниска во регионот.

Од околните земји, здравствените работници најдобро поминуваат во Романија, која со високи плати успеа да го запре заканувачкиот тренд на заминување медицински персонал на самиот почеток по отворањето на границите – лекар специјалист во таа земја заработува 4.000 евра, а супспецијалист 7.000, а медицинска сестра или техничар околу 1.700 евра.

Специјалистите во Република Северна Македонија добиваат околу 1.500 евра, во БиХ, Албанија и Бугарија околу 2.000, во Словенија од 2.000 до 3.000, а супспецијалистите одат до 4.000 евра, а во Хрватска лекар специјалист може да смета на 2.797 евра, а супспецијалист на 2.96 евра, се наведува.

Подгтвено од М.Д.

About Author