28.05.2024 Скопје
Откако си поднесе оставка, претседателот на СДСМ во заминување, Димитар Ковачевски објави дека нема да се кандидира за највисоката партиска функција.
Пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на партијата во седиштето на Бихаќка рече дека нема да поднесе документи за кандидатура на претстојните внатрепартиски избори.
Партиското тело треба да ги распише изборите внатре во СДСМ. Како најсериозни за кандидатура за претседател на партијата се споменуваат Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Венко Филипче и Оливер Спасовски.
Подготвено од М.Д.