31.05.2024 Скопје
И Косово останува без лекари. Повеќе од 10.000 здравствени работници од Косово работат во Германија. Институтот ГАП објави бројки кои го покажуваат трендот на заминување на лекари и медицински работници за 2019-2023 година.
Лани бројот на здравствени работници од Косово вработени во Германија изнесувал 9.091, што е за 1.000 повеќе од 2022 година.
Како што пишуваат приштинските медиуми, трендот на заминување на лекари и медицински сестри од Косово продолжува и натаму. Одлив има и од другите балкански земји. Неодамна српските медиуми пишуваа дека романските лекари имаат драстично повисоки плати од српските колеги.
Подготвено од М.Д.