29.05.2024 Скопје
Ова на фејсбук го објави во таа организација Дритон Хисени, а приштинските медиуми објавија дека најголем дел од членовите на парламентарниот состав биле „за“, 14-мина биле воздржани, а само Унгарија била против.
Парламентарното собрание на НАТО е институционално одвоено од алијансата, но служи како важна врска помеѓу тој воен сојуз и парламентите на земјите-членки.
Придружните членки, во кои сега е вклучено и Косово, можат да презентираат резолуции и да поднесуваат амандмани, но немаат право да гласаат за извештаите, резолуциите или раководството на собранието.
Подготвено од М.Д.