VESTACKA INTELIGENCIJA 4

22.05.2024 Скопје

Компанијата Мајкрософт работи напорно во привлекувањето на нови корисници, каде истите ќе може да ги користат новите алатки придружени со вештачката интелигенција.

„Влегуваме во оваа нова ера каде компјутерите не само што ќе можат да не разбираат, туку всушност ќе можат да предвидат што сакаме и кои се нашите намери. За нас, промените на оваа платформа започнуваат со Microsoft Copilot. Copilot претставува придружник со вештачка интелигенција. Го става знаењето и стручноста на дофат на раката и ви помага да дејствувате. Работи на сите уреди. Секоја улога, секоја функција, во секоја индустрија“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Мајкрософт.

Мајкрософт сака на корисниците да им обезбеди удобност со неговите ‘чет-бот’ алатки пропратени со вештачка интелигенција, кои ќе запомнат сè што правите на вашиот компјутер и ќе ви помогне да дознаете што сакате да правите следно.

Софтверскиот гигант ја претстави надградената верзија на Copilot, асистент со вештачка интелигенција. Истиот може да составува документи, да прави слики и да служи како личен асистент на работа или дома.

Најавите пред годишната конференција за развивачите на Мајкрософт во Сиетл се фокусираат на вградување на карактеристиките на вештачката интелигенција, а веќе има над милиони потрошувачи на оперативниот систем Windows за персоналните компјутери.

Подготвено од М.Д.

About Author