02.05.2024 Скопје
Најмалку 24 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
„Властите потврдија 24 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, се вели во извештајот на CCTV.
Изминативе денови обилни дождови наврнаа во областа каде што се случи оваа несреќа.
Подготвено од А.Ѓ.