https://www.flickr.com/photos/indeedous/15228324852/in/photolist-pcF9r3-6iXQNM-731KS3-Sg8Vr3-2d1s9Tz-XTymd9-jmJsEF-8TBm48-aD3N4s-oYVK3C-eaVPie-6ndb9f-XVHaoH-6ExrVy-qtVEpe-23MNHhF-2dic96E-51Fro-23MNK4B-2d1s69v-3Xy3Y-jomfwV-QCWs1X-qLioMA-eYLMuD-pv2N6Y-4JR7FB-JJ7ncR-dtAjZd-4XVRC-2e5B6wS-9eexcX-YUeanU-JMYpbY-er3vFr-YVqLkm-AKKAgw-BRRs4Q-ahWhzb-yPjyMG-dx1Ehh-XVHaNF-XTyzLm-erhqfy-XTdrCC-21FuwZy-dx1DW3-dx1E6G-BQRT8J-YSMsiE

14.05.2024 Скопје

Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. ‘

„За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката“, рече Меркел.

Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија.

Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19.

По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.

Подготвено од М.Д.

About Author