30.05.2024 Скопје
Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров рече дека таквиот потег ќе биде продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.
Русија постојано повикува на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат нејзините територијални придобивки во Украина. Киев ги отфрли тие предлози. Лавров ги критикуваше САД дека и помагаат на Украина, велејќи дека Вашингтон станал „учесник во злосторствата на режимот во Киев“.
Тој исто така рече дека Русија ја смета планираната испорака на борбени авиони Ф-16 со нуклеарно вооружување на Украина за „сигнална акција“ на НАТО. „Тие се обидуваат да ни кажат дека САД и НАТО нема да запрат пред ништо во Украина“, рече Лавров.
Подготвено од М.Д.