odesa-zamok

07.05.2024 Скопје

Старите готски врвови на познатиот замок со години го разубавуваа погледот кон Црното Море. Жителите на Одеса му дадоа западно име на овој познат и препознатлив замок, „Хари Потер“. По волшебникот од книгите кој живееше во замокот Хогвартс, замок кој потсетуваше на украинскиот.

Но пред два дена, овој замок во кој е сместен и приватниот правен факултет Кивалов беше цел на руски напад насочен главно кон образовни институции.

Од бомбите и последиците на нападот „Хари Потер“ пламна и изгоре.

Во рускиот напад во понеделникот загинаа 4 лица а повредени беа 28 лица меѓу кои една бремена жена, 12 годишно дете и две други деца.

Покрај човечките жртви, настрада и популарниот замок познат меѓу локалното население како „Куќата на Хари Потер“. Тоа е живописна зграда во готски стил, а всушност е палата која му припаѓа на поранешниот украинскиот политичар Серхиј Кивалов.

Замокот на Кивалов е градба во стил на средновековните замоци, реплика која можел да си ја направи самиот Кивалов во близина на главното пристаниште во Одеса.

Според извештајот од 2015-та година, во близина на замокот има тениско игралиште и приватна плажа во рамките на сопствениот морски брег кој е дел од имотот на украинскиот политичар. Тој во меѓувреме во зградата ја отвори и Националниот универзитет „Правна академија-Одеса“. До понеделникот кога зградата настрада во војната во Украина.

Подготвено од М.Д.

About Author