21.05.2024 Скопје
„Четиринаесеттите претседателски избори во Иран ќе се одржат на 28 јуни“, рече Еслами, а пренесе агенцијата Иран Мехр.
Тој додаде дека од Советот на чувари било побарано да започне регистрацијата на претседателските кандидати пред 28 мај.
До крајот на изборите оваа должност ќе ја извршува досегашниот прв потпретседател на Иран, Мохамад Мохбер.
Советот на чувари, надпарламентарно тело составено од членови на свештенството, е задолжен за одобрување на кандидати за извршни функции во владата на земјата, вклучувајќи ја и функцијата претседател на Иран.
Прошталната церемонија за Раиси ќе биде организирана утре во градот Табриз, а неговото тело потоа ќе биде однесено во Ком, Техеран и Бирџанд, пред да биде погребано во неговиот роден град Машхад на 23 мај.
Подготвено од М.Д.