28.05.2024 Скопје
Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Итниот состанок беше побаран од Алжир, а поддржан од Словенија, соопштија дипломати.
Здравствените власти на Хамас во Газа соопштија дека 45 лица загинале, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе.
Повеќето од жртвите на воздушниот напад се жени и деца, соопштија здравствените власти, опишувајќи го инцидентот како „масакр“.
Подготвено од М.Д.