iranski-pretsedatel

20.05.2024 Скопје

Хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси се урнал во планинскиот регион во близина на границата со Азербејџан. пренесувајќи изјави на ирански претставници.

Претходно иранските државни медиуми  соопштија дека хеликоптерот на претседателот, со кој летал и министерот за надворешни работи Хусеин Амирабдулахиан имал тешко слетување, поради лошите временски услови.

Поради лошите временски услови и маглата видливоста е намалена на само пет метри, соопштуваат иранските медиуми, и спасувачките тимови сѐ уште не го лоцирале хеликотперот на Раиси.

Иранскиот претседател бил во посета на провинцијата Источен Азербејџан за пуштање во употреба на хидроакумулација заедно со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Раиси на функцијата беше избран во 2021 година и беше предводник на заострувањето на т.н морални закони, како и бруталното задушување на антивладините протести во 2022 година по убиството на 22 годишната Махса Амини.

Подготвено од М.Д.

About Author