https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Elon_Musk_%283018710552%29.jpg

30.05.2024 Скопје

Доналд Трамп размислува да го избере милијардерот и претприемач Илон Маск за политички советник, доколку републиканскиот претседателски кандидат повторно ја освои Белата куќа на изборите во ноември.

Двајцата разговарале за начините на коишто Маск, кој раководи со социјалната платформаа X, и компаниите „SpaceX“ и „Tesla“, ќе има „формален придонес и влијание“ врз економските и безбедносни политики на границите.

Се наведува дека Маск, чиишто политички ставови последните години се приближуваат на републиканските, наводно го информирал Трамп дека води кампања за да ги убеди моќните американски бизнис челници да не го поддржуваат демократскиот претседател Џо Бајден, кој го победи Трамп на изборите во 2020 година, за што републиканецот сѐ уште инсистира дека биле изборна измама со која му е украдена победата, и исто така бара втор мандат.

Трамп и Маск разговарале и за финансирање на „проект за спречување на измама на гласачите“.

Претставниците на Трамп и Маск не одговориле веднаш на барањат за коментар, ниту, пак, претставниците на кампањата на Бајден.

Портпаролот на кампањата на Трамп, Брајан Хјуз, изјавил  дека само Трамп ќе одлучи „каква улога ќе има одреден поединец во неговото претседателствување“.

Подготвено од М.Д.

About Author