27.05.2024 Скопје
Не освои ниту еден трофеј со Баерн Минхен сезонава, но затоа Хари Кејн дојде до индивидуално признание. А тоа “Златната копачка“ на Европа за сезоната 2023/24.
Англичанецот за баварскиот гигант успеа да постигне 36 голови во Бундеслигата, а кога ќе се помножи со коефициент 2.00 тогаш се добива бројка од 72, што секако дека е највисока во Европа.
Позади себе Кејн ги остави Халанд, кој лани ја освои „Златната копачка“, потоа Гираси, Мбапе, а во Топ-5 е и Опенда од Лајпциг, соиграч на нашиот Елиф Елмас.
Подготвено од М.Д.