22.05.2024 Скопје
Јапонскиот град Фуџикавагучико денеска постави голема мрежеста бариера на популарното место каде што туристите доаѓаат за да ја гледаат планината Фуџи, во обид да го одврати се поголемиот број туристи од фотографирање.
Најпознатата глетка во Јапонија може да се види од огрогмна далечина, но на локалното население во Фуџикавагучико не му се допаѓа приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, влегуваат на приватни имоти, и ги прекшуваат сообраќајните правила за да се фотографираат.
– Жалам што моравме да преземеме вакви мерки, изјави претставник на Градската управа.
Работниците денеска веќе ја поставија црната мрежа со димензии 2,5 на 20 метри.
Подготвено од М.Д.