13.05.2024 Скопје
На официјална церемонија со највисоки државни почести во Кабинетот на претседателот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде функцијата Претседател.
По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова оствари тет-а-тет средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на претседателот.
На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.
Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава, се наведува во соопштението.
Подготвено од М.Д.