15.05.2024 Скопје
Легендарниот гитарист го купил жичаниот инструмент во средината на 1970-тите. Во соопштението на аукциската куќа „Бонам’с“ се наведува дека гитарата ќе биде понудена со карактеристичното оштетување од цигарите коишто Клептон ги оставал меѓу жиците на инструментот.
„Тој ја користел оваа гитара при компонирањето неколку песни, вклучувајќи го и хитот од 1977 година за моделот Пети Бојд. Според кажувањата, Клептон ја напишал песната ‘Wonderful Tonight’ додека ја чекал Пети Бојд да се подготви за забава”, соопшти „Бонам’с“. Во известувањето се додава и дека акустичната гитара „Мартин 000-28“ од 1974 година има и налепница со натпис: „Таа е вљубена во човекот за родео“ (She’s in Love with a Rodeo Man), алудирајќи на хитот на кантри-музичката ѕвезда Дон Вилијамс.
Клептон ја продаде гитарата на хуманитарна аукција во 1999 година. На 12 јуни инструментот повторно ќе биде понуден на наддавање во Лондон, Велика Британија, со почетна цена од 300.000 до 400.000 фунти (349.000 до 466.000 евра).
Подготвено од М.Д.