29.05.2024 Скопје
За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова со став дека, амбасадорот во ОН на Македонија требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
„Во меѓународната политика, има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата“, рече Сиљановска.
Таа потенцираше дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН Љубомир Фрчковски требало да се консултира со неа, а не само со министерот. Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.
Подготвено од М.Д.