29.05.2024 Скопје
Франција планира да испрати воени инструктори во Украина за обука на војници под команда на Киев.
Ова го соопшти генерал-полковник Олександр Сирски, врховен командант на украинската армија, по средбата преку видео врска што ја имаше вчера со Себастиен Лекорну, францускиот министер за одбрана.
Киев Индипендент наведува дека најавата на Сирски уследи по извештаите дека некои земји-членки на НАТО ја разгледуваат можноста да испратат воени инструктори и експерти во Украина за да ги обучуваат тамошните војници и да помогнат во поправка на воената опрема, рече Сирски наведувајќи дека веќе ги потпишал документите.
„Тоа ќе им овозможи на првите француски инструктори наскоро да ги посетат нашите центри за обука и да се запознаат со инфраструктурата и персоналот. Верувам дека решителноста на Франција ќе ги поттикне и другите партнери да се приклучат на овој амбициозен проект“, рече украинскиот генерал.
Киев побарал помош од САД и НАТО за обука на 150.000 војници, што би се извршило поблиску до првите линии на фронтот.
Дебатата за потенцијалното присуство на војници на НАТО во Украина беше иницирана по коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон во февруари, кога рече дека ќе ја разгледа таквата можност доколку има барање од Киев.
Подготвено од М.Д.