EVROPSKA CENTRALNA BANKA EU PARI

27.05.2024 Скопје

Почетокот на монетарното олеснување на следниот состанок на ЕЦБ беше нашироко најавуван во медиумите. Следните чекори се помалку јасни, а пазарите очекуваат европските креатори на монетарна политика да ги прескокнат намалувањата на стапките во јули и да ги продолжат во септември.

„Но, во таа тесна зона, можеме да ги намалиме стапките до одреден степен“, рече Филип Лејн, главен економист на ЕЦБ. Запрашан за изгледите за следниот состанок на банката на 6 јуни, тој рече дека „освен ако нема некои големи изненадувања, во моментот гледаме доволно показатели за отстранување на највисоките нивоа на ограничувања“.

„Следната година, со видливо приближување на инфлацијата до целта, а потоа каматните стапки се намалуваат на ниво кое е во согласност со таа цел – тоа ќе биде сосема поинаква дебата“, рече Лејн.

Основната инфлација во еврозоната, на која се фокусираат креаторите на монетарната политика бидејќи ги отстранува нестабилните елементи како што се цените на енергијата, најверојатно престана да слабее за прв пат од јули.

Покрај тоа, клучниот показател за растот на личните приходи објавен минатата недела, исто така, се забрза во првиот квартал од оваа година, иако Лејн рече дека „вкупната насока на движењето на платите продолжува да укажува на забавување, што е од суштинско значење“, и заклучи дека ситуацијата ќе продолжи уште некое време да се менува постепено и нерамномерно.

Подготвено од М.Д.

About Author