27.05.2024 Скопје
Во контекст на агресивните дејствија на Русија во Украина и постојаните закани на владетелот на Кремљ Владимир Путин, Европската унија мора да се подготви за можна војна и да преземе чекори за заедничко вооружување, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Кој зборува и се однесува како Путин, не сака мир, туку има намера да продолжи“, изјави во неделата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа, исто така, ја нагласи важноста од постојана поддршка на Украина и зајакнување на сопствените одбранбени способности.
Подготвено од М.Д.