eu znameee

02.05.2024 Скопје

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека ЕУ очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат ЗПС.

Тој апелираше до Белград и Приштина да се воздржат од еднострани дејствија кои не придонесуваат за создавање поволна средина за разговори за нормализација на односите и да се заложат за решавање на сите отворени прашања во дијалогот.

Стано посочи дека ЕУ поддржува единствен институционален и административен аранжман во  Косово.

„Сите досегашни договори за дијалог се целосно усогласени со овој принцип и ја следат правната и институционалната рамка на Косово, што беше потврдено со заклучоците на Европскиот совет“, изјави Стано.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author