nova-kaledonija-1

20.05.2024 Скопје

Немирите во Нова Каледонија, кои од ден на ден се зголемуваат, продолжија и во неделата, а француските специјални сили започнаа голема операција за враќање на контролата врз патиштата во главниот град Нумеа.

За шест дена, нередите меѓу безбедносните сили и членовите на движењето што се залага за независност на Нова Каледонија резултираа со смрт на шест лица, а францускиот претседател Емануел Макрон за денеска закажа нова седница на Советот за одбрана и национална безбедност.

Макрон на претходната седница на Советот донесе одлука да прогласи вонредна состојба и да испрати дополнителни полициски и жандармерски сили.

„Од почетокот на нередите, уапсени се повеќе од 240 лица. И минатата ноќ беше одбележана со пожари и грабежи“, соопшти полицијата.

Подготвено од М.Д.

About Author