13.05.2024 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама вчера во Грција без согласност на грчките власти одржа митинг за своите приврзаници во арената „Галачи“ во Атина, а потоа на својот „Фејсбук“ профил и објви видео од настанот.
Овој настан, кој предизвика нови тензии во грчко-албанските односи, Рама го окарактеризира како приватна посета.
„Грција е демократска земја. Ова не можеше да го спречи лидерот да оствари приватна посета и да разговара со своите сонародници. Тоа прашање можеби привлече повеќе внимание отколку што требаше, но не е вистинскиот момент пред европските избори“, рече Рама.
Подготвено од М.Д.