https://www.facebook.com/photo/?fbid=670126524483012&set=pb.100044570103558.-2207520000.

18.05.2024 Скопје

„Што ви е поентата? Што сакате да постигнете со блокадата на Република Северна Македонија? Што мислите дека ќе постигнете? Да падне поддршката во ЕУ, само тоа можете да го постигнете!” – ова е главната порака што албанскиот премиер Еди Рама ја испратил до Бугарија, но и до другите земји членки на ЕУ, кои користат билатерални прашања за да го блокираат процесот на проширување, вчера во Тирана на Лидерскиот состанок, настан организиран од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите Отворено Општество и Рокфелер.

„Зошто ја блокирате Република Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!”, порачал Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски.

Албанскиот премиер исто така додал во својот говор.

„Наместо Бугарија да рече, добро ние имаме проблем со Република Северна Македонија (иако јас не им го разбирам проблемот, искрено), ама ајде да го оставиме настрана, а преговорите и трансформацијата на земјите да течат, тие блокираат“.

Подготвено од М.Д.

About Author