ДО 2035 ГОДИНА НА ГЕРМАНИЈА ЌЕ И ФАЛАТ 7 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ

09.05.2024 Скопје

Според последните податоци на Евростат, во март месец во Европската Унија беа регистрирани околу 13,2 милиони лица кои бараат работа. Во еврозоната, бројот на оние без вработување достигна 11 милиони.

И покрај опаѓањето на стапката на невработеност од месец во месец, поради недостиг на работна сила некои земји сè уште се соочуваат со висока невработеност. Шпанија има скоро 12 проценти, Грција 10,8 проценти, а Шведска 8,3 проценти невработени.

За разлика од нив, Чешка и Полска имаат најниска стапка на невработеност од само 2,9 проценти, додека Словенија има 3,1 процент. Стапката на невработеност на младите до 25 години во март 2024 година изнесува 14,6% во Европската унија и 14,1% во еврозоната. Исто така, забележително е дека жените се почесто без работа во споредба со мажите.

Иако Република Северна Македонија не е дел од оваа статистика, бидејќи не е членка на ЕУ или еврозоната, податоците покажуваат дека во претходната година невработеноста во земјата изнесувала 13 проценти, односно повеќе од 103.300 лица биле без работа.

Најпоскапувана дестинација за работа за нашите граѓани е Германија. Таму невработеноста изнесува 3,2%, но загрижувачки прогнози објави министерот за труд, Хајл, кој проценува дека за 11 години, на Германија ќе и фалат 7 милиони работници од сите квалификации. Сами лани празни останале  570 илјади работни места, а потреба од кадара имаат од сите квалификации.  Инаку во Германија работат 11,5 милиони лица со миграциско потекло, од кои половината имаат германски пасош. Најчесто работат во градежништвото и одржување на хигиената, каде 30 отсто се се странски пасош, но висок е уделот на странците и во академските професии, посебно во медицината, каде 14 отсто од лекарите немаат германско државјансво.

Истражувањата покажуваат дека мигрантите заработуваат помалку и се соочуваат со поголем ризик од привремена невработеност, што може да доведе до помали пензии.

Германските експерти сметаат дека проблемот не е во миграцијата, туку во преголемите социјални бенефиции кои се доделуваат на лицата со ниски приходи и на невработените. Повеќе од 35 проценти од имигрантите се нискоквалификувани, па затоа Германија сега се обидува да привлече повеќе млади и висококвалификувани работници.

Подготвено од М.Д.

About Author