15.05.2024 Скопје
Ако одите во Дубровник на одмор со вашето возило понесете повеќе пари за паркинг. Од почетокот на месецов во овој хрватски град важат нови цени за паркирање. Дневниот билет за паркирање зависно од зоната оди и до 200 евра, а за еден час паркинг во близина на стариот дел на градот се плаќа 10 евра.
Цените варираат во зависност од зоната и месецот во кој го посетувате овој град. Во нултата зона за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември) гостите плаќаат 10 евра. Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните 0,70 евра. Во втората зона еден час чини 6,60 евра. Повеќечасовен билет до Пила (нулта зона) од 1 мај чини 199,08 евра.
Повеќечасовен билет во првата зона чини 17,25 евра, а во втората 132,70 евра. Пред еден месец беше 53,09 евра.
Во екот на сезоната дневниот билет чини 199,10 евра, а претходно чинеше 106,20 евра. Во втората зона дневниот билет е 132,70 евра, а во третата 17,30 евра.
Подготвено од М.Д.